5 култни филмови поради кои го обожаваме Хју Грант
Ако постои синоним за британски срцекршач, тогаш дефинитивно главната награда можеме веднаш да му ја доделиме на Хју Грант.
Кој би поверувал дека синоокиот шармер има 57 години?
Сепак, ретко која жена може да му одолее на овој убавец, а многубројните романтични комедии се причината поради која сите се вљубивме во него.
Ова се петте култни филмови со кои нè освои шармантниот актер, а вие одберете го вашиот фаворит:
Four Weddings and a Funeral
Хју „за влакно“ немало да ја добие главната улога, бидејќи режисерот сметал дека е премногу згоден. Чарлс мистериозно ја среќава Кери исклучиво на поголеми настани, сè додека не сфати дека е вљубен во неа.
Ова дефинитивно е филмот кој ја запечати кариерата на Грант и го лансираше во ѕвездената елита.
Notting Hill
Грант блесна покрај прекрасната Џулија Робертс во романтичниот Notting Hill. Таа е позната славна актерка, а тој само обичен скромен книжар. Дали љубовта може да победи во нешто што изгледа скоро невозможно?
Bridget Jones's Diary
Срцекршач, лажго и женкар, Даниел Кливер, шефот на несмасната слатка Бриџит Џонс сепак го привлече нејзиното внимание и наклоност, барем за кратко.
About a Boy
Работен според истоимената новела на Ник Хорнби, Грант (Вил) е маж-момче, кој е прилично себичен, не може да има ниту една сериозна љубовна врска, не му е гајле за пријателите и не поднесува деца.
Сè ќе се смени кога го запознава 12-годишниот Маркус, кој ќе му го промени животот онака како што никогаш не очекувал.
Love Actually
Одличен не само за новогодишно-божиќниот период, туку дефинитивно за секој период од годината. Велика Британија никогаш немала позгоден премиер, а покрај многуте сериозно обврски тој ќе пронајде љубов покрај најнеочекуваната личност.
Бонус филм:
Music & Lyrics
Едноставно мора да го погледнете овој помалку познат, но одличен филм со Хју Грант и Дру Баримур во главните улоги. Грант е поранешна поп ѕвезда кој нема повеќе инспирација сè додека не ја запознае слатката талентирана Софи која му помага да компонира нова музика.
(О)Милена | Црнобело