10 филмови за жени после кои повеќе ќе верувате во себе
На секој, понекогаш, му е потребна инспирација однадвор за да почне да верува во себе и да најде моќ да продолжи понатаму.
Таквата инспирација може да се пронајде и во филмовите кои раскажуваат вистински приказни за неверојатни жени кои го смениле светот и го направиле подобро место за живеење.
10 филмови кои ќе помогнат на секоја жена да верува во себе:
1. „Iris“ (2001)
Во главните улоги: Кејт Винслет, Џуди Денч
Оцена на IMDb: 7.1
Филмот ја раскажува животната приказна на Ајрис Мердок, еден од најталентираните писатели на 20-иот век.
2. „The Courageous Heart of Irena Sendler“ (2009)
Во главните улоги: Ана Пакин, Горан Вишниќ
Оцена на IMDb: 7.3
Дали сте слушнале за Ирена Сандлер? За време на Втората светска војна таа успеала да спаси 2.500 деца од концентрационите логори, а овој филм раскажува за нејзината безусловна добрина и храброст.
3. „Séraphine“ (2008)
Во главните улоги: Јоланда Моро, Улрих Тукур
Оцена на IMDb: 7.4
Приказната е базирана на животот на француската уметница Серафина од Санлис.
4. „Iris“ (2014)
Во главните улоги: Ајрис и Карл Апфел
Оцена на IMDb: 7.1
Ајрис Апгел е икона на стилот која успеала да облече дури 9 први дами на САД, а денес сè уште се води како култна модна икона. Овој филм зборува за нејзиниот живот.
5. „Florence Foster Jenkins“ (2016)
Во главните улоги: Мерил Стрип, Хју Грант, Сајмон Хелберг
Оцена на IMDb: 7.1
Флоренс е богата аристократка која мисли дека е неверојатна оперска пејачка, но нејзиниот глас е далеку од идеален. Но, никој не ѝ ја кажува вистината...
Уште 5 филмови на следната страна...