Дама со златно срце - Спасила 2.500 деца криејќи ги во вреќи, канти за отпадоци и ковчези

Оваа постара дама се вика Ирена Сендлер (или уште Ирена Сендлерова). Мал број на луѓе имаа слушнато за неа сè до 2007-та година кога таа беше номинирана за Нобеловата награда за мир.

dama-so-zlatno-srce-spasila-2-500-deca-kriejki-gi-vo-vrekji-kanti-za-otpadoci-i-kofcezi-01.jpg

Ирена е родена во Варшава во 1910-та година. Нејзиниот татко ја научил на многу лекции, а најважната лекција на која ја научил била да помага на оние на кои им треба помош.

Ирена имала само 7 години кога починал нејзиниот татко. И покрај тоа, тој имал големо влијание на нејзиниот живот.

Кога пораснала, таа станала медицинска сестра и имала одговорност да помага на семејствата кои немаат храна и облека.

Во тој период, антисемитизмот полека се ширел низ Европа, а Ирена и понатаму продолжила да помага на еврејските семејства како и на сите останати.

dama-so-zlatno-srce-spasila-2-500-deca-kriejki-gi-vo-vrekji-kanti-za-otpadoci-i-kofcezi-1.jpg

Кога Полска била окупирана од Нацистичка Германија во 1939-та година сите евреи биле испратени во варшавското гето. Веројатно не ви е тешко да замислите каков хорор се случувал таму.

Ирена, растревожена од моменталната ситуација, решила да се вклучи во организација која им помага на Евреите, а како се влошувала ситуацијата, таа била сè повеќе и повеќе свесна, дека ќе мора да преземе радикални мерки за помош.

Заедно со уште неколку други луѓе, Ирена почнала да им помага на еврејските деца да избегаат од гетото од каде потоа биле праќани во прифатилишта или посвојувани. Но, работата не одела лесно. Голем број на мајки не биле расположени да ги дадат своите деца на непознати лица.

А, никој воопшто не бил свесен дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши и Евреите ќе бидат испратени во концентрациони логори.

dama-so-zlatno-srce-spasila-2-500-deca-kriejki-gi-vo-vrekji-kanti-za-otpadoci-i-kofcezi-2.jpg

Затоа што Германците го држеле гетото под стриктна контрола и обезбедување, Ирена морала да користи разни трикови за да ги спаси децата.

Многу често ги криела во амбулантните возила кои пренесувале тешко болни пациенти, но обезбедувањето станувало сè посериозно, па морала да почне да ги крие и во вреќи, канти за отпадоци, па дури и ковчези.

Ирена успеала да спаси 2.500 деца од сигурна смрт, а информациите за тоа каде се кријат децата, ги чувала сокриени во конзерва во градината на нејзини соседи.

dama-so-zlatno-srce-spasila-2-500-deca-kriejki-gi-vo-vrekji-kanti-za-otpadoci-i-kofcezi-3.jpg

Нејзините методи функционирале совршено сè додека Германците не сфатиле што се случува. Тогаш Ирена била затворена и измачувана. И покрај болката и понижувањето, таа никогаш не ги издала информациите за тоа каде се кријат децата.

На крајот, Нацистите се откажале и ја осудиле на смрт. Но, судбината имала други планови за неа. Некој успеал да подмити војник стражар за таа да избега. Од тој момент, па сè до нејзината смрт, таа живеела под лажно име и никогаш не престанала да помага на другите.

dama-so-zlatno-srce-spasila-2-500-deca-kriejki-gi-vo-vrekji-kanti-za-otpadoci-i-kofcezi-4.jpg

По војната, Ирена ја откопала конзервата и ги предала информациите на владиниот комитет за да ги лоцираат Евреите кои преживеале.

Ирена потоа стапила во брак и имала 3 деца.

Што се однесува до нејзината волја да помогне на другите, таа еднаш изјавила: „Порасната сум да верувам дека мораме да помогнеме на другите по секоја цена, без разлика на тоа каква е нивната националност или религија.“

dama-so-zlatno-srce-spasila-2-500-deca-kriejki-gi-vo-vrekji-kanti-za-otpadoci-i-kofcezi-5.jpg

Во 2007-та година, Ирена била номинирана за Нобелова награда, а година дена подоцна, кога наполнила 98 години, таа починала.

Таа засекогаш ќе остане запаметена како дамата со златно срце која на целиот свет му докажа дека секој може да биде храбар и да се држи до своите вредности, без разлика на тоа колку се тешки времињата. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg