Викенд предлог: Топ 10 трилери за 2015 кои ќе ви го задржат вниманието
Ова е богата филмска година кога може да изберете каков ќе посакате жанр на филм од многуте кои ги доживеаја своите премиери во изминатите месеци.
Но, ако сакате возбуда, адреналин и неизвесност до самиот крај тогаш некој од овие топ 10 трилери треба да биде вашиот избор:
1. „Wild Card“
Само кога ќе се спомне името на Џејсон Статам во главната улога, кој се лечи од зависноста со коцкање, но наоѓа работа со која може да ги штити своите пријатели, веќе ви станува јасно колку акции и пресврти ќе видите. Уште кога ќе ја видите и Софија Вергара покрај него, сигурно не би го пропуштиле.
2. „Everly“
Акционен трилер кој прикажува храбра жена што се бори против убијците кои ѝ ги испраќа нејзиниот поранешен шеф, опасен гангстер. Но, таа не се плаши ниту да излезе пред нив, ниту да земе снајпер во раце и да им се спротивстави. Не само што е храбра, туку е и убава и сексапилна. Таа е латино дивата Селма Хајек.
3. „A second chance“
Како се однесуваат нормалните луѓе кога некоја трагедија ќе им ја замагли границата помеѓу праведното и неправедното. Кога се наоѓате растргнати помеѓу блуд и разврат од едната страна и невиноста и беспомошноста на едно бебе. Кога додека спасувате станувате и обвинет. Што е правилно да се направи? Драматичен трилер кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
4. „The boy next door“
Кога прекрасната Џенифер Лопез ќе се најде во главна улога на разведена жена која има афера со згодниот тинејџер од соседството, знаете дека се работи за филм преполн страст, игри, лаги, но и една потајна скриена личност во момчето. Многу преплети и заплети кои нема да ве остават релаксирани.
5. „Тhe Voices“
Крими комедија трилер или три во едно, може да погледнете во филмот каде симпатичниот Рајан Рејнолдс ќе стане сериски убиец откако ќе почне да ги слуша гласовите на неговите мачка и куче. Ќе се забавувате додека го гледате.
Уште 5 на следната страна...