Викенд предлог: Топ 10 трилери за 2015 кои ќе ви го задржат вниманието
6. „Knock knock“
Некои врати навистина не треба да бидат отворени. Целото дејство во филмот почнува кога две фатални жени ќе се појават во животот на среќно оженетиот маж кој го глуми Киjану Ривс. Сите згоди и незгоди кои му се јавуваат и начинот на кој ќе се справува, го прави дополнително возбудлив и интересен филмот.
7. „Lost river“
Трилер со многу елементи на фантазија и имагинација се испреплетуваат во филмот на Рајан Гослинг каде самохрана мајка е вовлечена во подземен свет, додека нејзиниот син тинејџер открива пат кој го води во таен подводен град. Кристина Хендрикс, Саорисе Ронан и Ева Мендез се во главните улоги.
8. „Out of the dark“
Еден пар и нивната мала ќерка одат во Колумбија за да го преземат семејниот производен погон. Но, не е сè така едноставно и наивно, откако ќе дознаат дека нивната куќа е проколната и опседната. Киднапирањето на ќерката и необичните појави ќе ви го запираат здивот до самиот крај.
9. „Cut Bank“
Верувате ли во кармичка среќа? Колку е реална? Може ли навистина да бидете целосно среќни без да се уништи сè во некој момент? Кога на Двејн Мекларен му се отвора прилика за подобар живот во поголем град со неговата девојка веднаш ја прифаќа. Но среќата не постои во Cut Bank па и она што би требало да биде среќа, се претвора во поплава на лошата карма.
10. „Furious 7“
Ако сте ги гледале претходните делови, сигурно веќе ви е јасно за што се работи и каков тип на филм е „Furious 7“. Иан Шо му се осветува на Доминик Торету и неговата дружина за смртта на својот брат. Филм кој дополнително предизвикува посебни емоции поради смртта на Пол Вокер кој беше во една од главните улоги.