Филмови кои треба да ги изгледате пред да патувате сами
Многу често луѓето добиваат желба барем повремено да отпатуваат некаде сами. Потребно им е да остават сè и да избегаат од сите за да се откријат себеси, да ги достигнат своите граници.
Често не знаат во што се впуштаат и тоа дополнително им го зголемува адреналинот. Но, доколку веќе помислувате на ваква идеја, добро е претходно да погледнете 4 филмови кои ќе ви ги прикажат и сите задоволства, но и сите опасности кои ве чекаат.
1. „Into the wild“
Култен филм од 2007 година, снимен според вистинска приказна, го прикажува патувањето на едно младо дипломирано момче, кое е разочарано од општеството и решава да напушти сè. Ги гори сите пари и документи кои ги има и тргнува на пат кон непознатото, преживувајќи од ден за ден. Попатно му се случуваат и прекрасни авантури, моменти на вистинска слобода и уживање, но и многу незгоди.
2. „Wild“
Сакајќи да избега од сè што ѝ се случува, Рис Витерспун во главната улога тргнува сама на пат од 1.700 километри низ Пацификот. Минува низ разни ситуации, полудува од избезуменост, страв, тешкотии, но успева и да издржи храбро во многу ситуации пред кои многумина би се откажале.
3. „Tracks“
Млада девојка тргнува низ пустина во западна Австралија заедно со 4 камили и едно куче. Се соочува со своите стравови, се запознава со Абориџините и се вљубува во фотографот кој ја следи. Таа станува храбра и силна издржувајќи и надминувајќи ги сите препреки за да ја помине авантурата која ќе ѝ го промени животот.
4. „Eat, pray, love“
Кога ви е потребна цврста одлука за да си го промените животот кој се распаѓа пред вашите очи и кога сте подготвени да оставите сè и да почнете од почеток, овој филм ќе ви го покаже вистинскиот пат. Џулија Робертс тргнува на пат во земји каде никогаш претходно не била и каде сака до максимум да ги открие сите задоволства на животот. Во Италија оди за да ја проба највкусната храна во светот, во Индија го пронаоѓа својот духовен мир, а на Бали ја доживува вистинската љубов.