Топ 5 филмови на Квентин Тарантино
Квентин Тарантино е познат како филмски феномен на денешницата. Тој е режисер, сценарист и актер, добитник на голем број престижни филмски награди.
Токму затоа, овие негови топ 5 безвременски проекти вреди да се најдат на листата на филмови кои треба да ги погледнете:
1. Pulp Fiction
Филм снимен во 1994 година, познат по ироничната мешавина на хумор и насилство, исполнет со цитати и парафразирани филмови. Номиниран е за 7 Оскари, вклучувајќи ја и номинацијата за најдобар филм. Тарантино и неговиот партнер Роџер Авари кој работеа на сценариото добија признание за најоиригинално сценарио, а на Филмскиот фестивал во Кан Тарантино е награден и со Златна палма за овој филм.
2. Inglourious Basterds
Американски воен филм, премиерно прикажан во 2009-та година на Филмскиот фестивал во Кан. Дејството се одвива за време на Втората светска војна која е претставена на еден специфичен начин, како што фантазијата на Тарантино ја замислил. Филмот следи повеќе животни приказни, но главната тематика е вечната борба помеѓу евреите и нацистите.
3. Reservoir Dogs
Дебитантскиот филм на Тарантино од 1992 година во кој се појавуваат огромен број на познати актери, но и самиот Тарантино во споредна улога на бивши криминалец. Филмот вклучува голем број на теми кои се сметаат за заштитен знак на делата на Тарантино - насилство, впечатливи дијалози, непристојни пцости...
4. Django Unchained
Американски вестерн за прв пат прикажан во 2012 година кој го напиша и режираше Тарантино. Во филмот се појавуваат големи актерски имиња кои го развиваат дејството. Приказната го следи ослободувањето на еден роб за време на Американската граѓанска војна кој тргнува во мисија да ја спаси својата сопруга.
5. Kill Bill
Филмско остварување посветено на љубовта на Тарантино кон кунг-фу филмовите. Филмот е поделен на три дела кои задолжително треба да ги изгледате како целина. Исто како и секој претходен, така и овој филм изобилува со насилство, крв и фантастични дијалози.