Топ 5 филмови кои се подобри од книгите според кои се направени

top-5-filmovi-koi-se-podobri-od-knigiite-spored-koi-se-snimeni-01

Неблагодарно е да се истакнува квалитетот на филмот пред книгата, особено кога и двете се сметаат за ремек – дела.

Вообичаено во книгите се даваат подетални описи кои ни овозможуваат да добиеме реална слика во мислите, која филмовите не можат да ни ја доловат.

Но, има и такви филмови кои сепак успеале доследно, па дури и подобро да го визуелизираат книжевното дело.

Токму таквите филмови остануваат оние кои ги помниме како слики, сцени и реплики и кои постигнале многу поголем успех од самите книги.


„Пеколен портокал“, Стенли Кјубрик, 1971

Според книгата „Пеколен портокал“, Ентони Бурџис (1962)

top-5-filmovi-koi-se-podobri-od-knigiite-spored-koi-se-snimeni-1

Филмот „Пеколен портокал“ (Clockwork Orange) е снимен во 1971 година според истоимениот роман од 1962 година.

Претставува крими драма трилер која има вознемирувачка, насилна содржина која ја прикажува социјалната позадина на бандите во Англија.

Вклучува дрскост и безобразност. Книгата е напишана од Ентони Бурџис, а филмот е режиран од Стенли Кјубрик.

Книгата пред да биде издаден филмот не побудила толкав интерес, па веројатно затоа се смета дека тој постигнал поголема популарност.

Но, она што денес се смета за популарно, тогаш било забрането.

Дури и самиот режисер, Кјубрик побарал да се повлече филмот и да не се прикажува, поради негативните критики за промовирање на силување и насилство, како и смртните закани кои ги добивал.



„Егзорцизам“, Вилијам Фредкин (1973)

Според книгата „Егзорцизам“ Вилијам Питер Блати, (1971)

top-5-filmovi-koi-se-podobri-od-knigiite-spored-koi-se-snimeni-2

Филмот кој е номиниран во 10 категории за Оскар, од кои во две го добил за најдобар звук и најдобро адаптирано сценарио.

Авторот на романот според кој е базирана и приказната во филмот е токму негов сценарист.

Според многу листи ова е еден од најстрашните филмови, кои доследно дури и соодветно визуелно го пренесуваат она што е опишано во книгата.

Важи за еден од најстрашните филмови на сите времиња, но и еден од најмистериозните, со оглед на тоа што за време на неговото снимање починале 9 луѓе кои учествувале во него.



„Кум“, Френсис Форд Копола (1973)

Според книгата „Кум“ – Марио Џанлуиџи Пузо (1969)

top-5-filmovi-koi-se-podobri-od-knigiite-spored-koi-se-snimeni-3

„Ќе ви дадам понуда која нема да можете да ја одбиете“ – ќе рече јунакот од романот на Пузо и филмот на Копола, дон Вито Корлеоне.

Наизглед попатна реченица, која во интерпретација на Марлон Брандо, станува една од најкултните реплики во светската кинематографија.

Токму поради тој момент на извонредност кој го постигнале добриот режисер, сјајната актерска екипа и врвното сценарио, направиле „Кум“ да остане запомнет како најдобро филмско, а не книжевно остварување.



„Кога ќе стивнат јагнињата“, Џонатан Деме (1991)

Според книгата „Кога ќе стивнат јагнињата“ , Томас Харис (1988)

top-5-filmovi-koi-se-podobri-od-knigiite-spored-koi-se-snimeni-4

Со оглед на тоа што ова е еден од трите филма кој од 5 главни номинации, успеал да освои 5 оскари, се смета дека е вистинско ремек – дело и во книжевноста и во кинематографијата.

Овој филм создал нова димензија на трилерите.

Вербалното и умствено надигрување кое доволно открива, но не обелоденува стана најбараната компонента за добар филм во оваа категорија.

Ентони Хопкинс во улога на Ханибал Лектор и Џоди Фостер како ФБИ агентка, ќе останат запаметени како едни од нивните животни улоги, а овој филм е еден од 100-те најдобри, снимени во последните 100 години.



„Одвеано од виорот“, Виктор Флеминг (1939)

Според книгата  „Одвеано од виорот“,Маргарет Мичел (1936)

top-5-filmovi-koi-se-podobri-od-knigiite-spored-koi-se-snimeni-5

Иако се чинело дека по издавањето на книгата која за еден месец се продала во 1.300.000 копии нема да може да се надмине таквиот успех, сепак филмското студио кое го снимило филмот само еден месец подоцна, амбициозно решило да ги откупи правата за екранизација.

Можеби неочекувано, но откако е завршено снимањето во јуни 1939 година следувал негов огромен успех со двоцифрен број оскари, астрономска заработка и титула за еден од најголемите филмски спектакли, не само тогаш туку и во подоцнежната филмска историја.

Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg