Филмови кои со нетрпение ги очекуваме оваа есен (I дел)
Оваа есен се очекува да биде „плодна“ на поле филм. Во очекување сме на продолженија на веќе добро познати наслови, но и нови свежи сценарија.
Едно е сигурно – ќе има доволно филмчиња кои ќе не одржуваат покрај телевизорот во постудените денови.
Во прилог првиот дел:
1. Bachelorette
Кирстен Данст е извршен директор која сака да има се под контрола. Таа се обединува со две другарки (Исла Фишер и Лизи Каплан) за свадбата на една пријателка(Ребел Вилсон), која бил мета на нивните шали додека биле средношколци. Заплетот е толку вулгарен, што партнерот со кој Данст снимила секс-сцена - Џејмс Марсден, вели дека “подобро е татко и на Кирстен да не го гледа овој филм”. Филмот излезе на 6-ти септември.
2. The Words
Еве ви шанса да ја видите хемијата со која започна романсата помеѓу Бредли Купер и Зое Салдана. Заводливиот актер глуми писател кој станува славен откако пронаоѓа изгубен ракопис и го објавува како негов. Но, неговиот бунар со мастило кој е извор на среќа може да пресуши кога оригиналниот автор (Џереми Ајронс) го пронаоѓа. Филмот излезе на 7ми септември.
3. The Master
По многу шпекулации, режисерот и писател Пол Томас Андерсон конечно потврди дека улогата на Филип Сејмур Хофман - писател од 1950тите години кој исто така е лидер на духовно движење - е базирана на основачот на Скиентологијата Л. Рон Хабард. Андерсон дури ја прикажа и сликата за неговата ѕвезда од “Магнолија” Том Круз. Настрана сето ова, Жоакин Феникс е всушност главната улога во филмот, во улога на ветеран од Втората светска војна кој е алкохоличар. Филмот излегува на 14ти септември.
4. 10 years
Ченинг Татум и Џена Дуван повторно се обединуваат на екранот по филмот “Step Up”, за овој ол-стар ансамбл за добрите и лошите работи околу собирањето за годишнината од матура. Во групата на актери спаѓаат Росарио Досон, Џастин Лонг, Ентони Меки, Ари Грејнор, Обри Плаза и многу други. Филмот излегува на 14ти септември.
5. Arbitrage
Веќе се распламтија трачевите дека Ричард Гир ќе добие Оскар за неговата улога на бизнисмен од Њујорк кој се обидува да ја спаси својата компанија од финансиски колапс додека прикрива смртоносна тајна. Сузан Сарандон е неговата сопруга која постојано оди на ручеци, и покажува дека таа може многу повеќе да “загриза” од тоа што нејзиниот сопруг можел било кога да замисли. Филмот излегува на 14ти септември.
6. Perks of Being a Wallflower
Во нејзината прва голема улога по “Хари Потер”, Ема Вотсон глуми покрај Логан Лерман и Езра Милер во филмската адаптација на хит-романот со истото име. “Чувствувам дека ова е добра транзиција од Хари Потер кон поадолесцентни филмови”, изјави Вотсон порано оваа година. “Има малку постар тон. Малку е помрачен”. И во него е вклучена долна облека од “Rocky Horror Picture Show”. Филмот излегува на 21ви септември.
7. End of Watch
Во овој “тврд” инди-филм, картел за дрога ги има на мета двајцата млади полицајци од полицијата на Лос Анџелес (Џејк Гиленхал и Мајкл Пења). Ова е моќен портрет на полицискиот живот кој ќе ве направи да се смеете и да плачете. Глумицата од “Twilight” Ана Кендрик ја глуми девојката на Гиленхал, но бромансата (комплицираната љубов меѓу двајца мажи)е таа што ќе ви го украде срцето. Филмот излегува на 21ви септември.
8. Dredd 3D
Силвестер Стално прв пат ја играше оваа улога на познатиот суперхерој- полицаец од стриповите во 1995та година во филмот “Judge Dredd”, но овој пат Карл Урбан, познат по улогата во “Star Trek”, го носи исконскиот шлем и доаѓа во 3D. Филмот излегува на 21ви септември.
9. Diana Vreeland: The Eye Has To Travel
Пред да постои Ана Винтур, постоеше Дијана Вриланд. Ако го сакавте “The Devil Wears Prada” и тотално умиравте по “The September Issue”, облечете ги вашите омилени Лобутинки и трк да го видите овој извонреден поглед на познатата ексцентрична уредничка на “Harper’s Bazaar” и “Vogue”. „Стилот е се”, еднаш изјави Вриланд. Нема дискусија за тоа. Филмот излегува на 21ви септември.
10. Looper
Џозеф Гордон- Левит се реобединува со режисерот од “Brick”, Рајан Џонсон за овој трилер кој патува низ времето. Се работи за убијци во 2044 година кои се наречени “loopers” кои убиваат луѓе кои им се пратени од иднината. Гордон-Левит е меѓу тие убијци кој се обидува да го убие своето 30 години постаро јас, кој го игра Брус Вилис. Емили Блант игра споредна улога на млада мајка која има 10 годишен син со смртоносни моќи. Филмот излегува на 28ми септември.