Филмски викенд: Научно фантастични драми
Кога ќе се каже научна фантастика најчесто се помислува на брзи филмови, со вонземјани и многу компјутерски ефекти. Но тие филмови се препопуларни...
...сите ги имате гледано.
Затоа за овој викенд ви спремивме драми со нереални елементи каде приказната е во преден план, а се останато е оставено на вашата фантазија.
Можеби и некои од вас ќе се бунат дека се спори и дека не се објаснети работите, но баш во тоа и е убавината.
Филмовите ви оставаат простор за фантазирање и интерпретирање, и најважно ќе имате за што да зборувате откако ќе ги изгледате.
И да... слободно можете да ги искажете вашите мислења тука.
Уживајте во овој филмски викенд!
Прилично се изненадив од филмов, бидејки почна доста досадно и неинвентивно за тинејџерска научно фантастична драма. Но после лошиот и спор старт станува интересно.
Приказната оди вака, тројца тинејџери налетуваат на некаква дупка во земјата и после тоа откриваат дека имаат супер моќи. Отпочеток им е тешко да ги контролираат, но полека учат како и при процесот стануваат добри пријатели.
На почеток се зезаат со нивните нови моќи,приредуваат безопасни шали и се забавуваат. Но еден од нив има домашни проблеми и почнува да ја користи својата моќ за да им наштети на другите луѓе.
Во принцип ова е суперхеројска приказна, само што нашите суперхерои не носат хулахопки и наметки.
Го препорачувам на сите што сакаат екранизирани стрипови или воопшто суперхеројски филмови.
Глума: Dane DeHaan, Alex Russell, Michael B. Jordan
На прв поглед можеби и нема да ви се допадне темата на филмот, но ќе ве замисли за како го восприемаме светот преку нашите сетила, а воопшто не застануваме да помислиме на тоа.
Се преплетуваат две приказни, животот на еден кувар и на еден научник во едно чудно време, кога некој непозната епидемија му се заканува на човештвото.
Епидемија која ги напаѓа сетилата и ѓи остава луѓето беспомошни само со надеж дека ќе се најде лек.
А во меѓувреме се учат како да јадат храна без да ја вкусат или како да комуницираат без звуци. Се прилагодуваат на новите промени.
Филм што ќе ве натера да живеете во моментот и да уживате во животот со сите сетила.
Глума: Ewan McGregor, Eva Green
Интересна и емотивна драма со малце примеси на научно фантастични елементи. Рода е млада и бистра девојка која е заинтересирана за вселената.
Една вечер ќе забележи непозната планета на звезденото небо и во занес ќе предизвика сообраќајна несреќа која тотално ќе и го промени нејзиниот живот. Но не само нејзиниот, туку и на Џон кој е на врвот од својата музичка кариера.
Во сообраќајката тој ќе ги изгуби сопругата, синот и нероденото дете. После години од настанот, двајцата пробуваат да продолжат со своите животи и тоа под опасноста од непознатата планета која се приближува кон земјата.
Во целиот тој хаос од трагедии и стравови од непознатото ќе се развие една многу чудна врска меѓу нив двајца. Останатото дел од приказната ви го препуштам вас.
Ве предупредувам дека филмот е бавен и емотивен, а научнофантастичните елементи може да изгледаат необјасниви и конфузни. Но за тие поупорните верувам дека ќе ви се допадне.
Глума: Brit Marling, William Mapother
И.Т. | Црнобело