Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса

Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофантастична епска сага – филмови на кои вреди да им посветите три (и повеќе) часа.

10-filmovi-podolgi-od-3-chasa-na-koi-vredi-da-im-dadete-shansa-01.jpg

Непишано правило е повеќето филмови да траат помеѓу 90 минути и 2 часа.

Обично тоа е доволно за да се раскаже приказна, а и не е лесно подолго да се задржи вниманието на публиката.

Но, некои долги филмови се толку добри, што и три часа ќе ви бидат малку.

10 филмови за кои вреди да седите три часа:

Nixon

Со Ентони Хопкинс во главната улога, Nixon се фокусира на животот и кариерата на поранешниот американски претседател Ричард Никсон.

Почнувајќи од детските години, дејството ги опфаќа најважните настани од животот претседателот, вклучувајќи го неговиот мандат кој заврши неславно.

The Green Mile

Можеби најдобрата адаптација на роман на Стивен Кинг е филм кој ќе ве остави во солзи.

Главниот лик е Афроамериканец кој погрешно е обвинет за силување и убиство на две девојчиња.

Дејството ги следи неговите последни денови во затворот, додека чека да биде погубен со електричен стол.

The Wolf of Wall Street

Филмот на Мартин Скорсезе со Леонардо ди Каприо во главната улога е инспириран од животот на милионерот и криминалец Џордан Белфорт.

Како брокер на Волстрит, со измами успева да се искачи до врвот, но и да си го уништи бракот и да стане зависник од дрога.

Magnolia

Magonlia е уникатна драма која ги следи животите на неколку различни ликови.

Судбините на маж кој умира, славна личност, полицаец и многу други, се испреплетуваат на чуден начин, во една долга приказна.

Филмот има и одлична актерка екипа која ги вклучува Том Круз и Џулиен Мур.

King Kong

До денес се снимени бројни филмови за Кинг Конг, а амбициозната верзија на режисерот Питер Џексон важи за една од подобрите.

Неколку членови на филмска екипа одат на остров каде што наоѓаат огромен мајмун.

Откако ќе го заробат и ќе го однесат во Њујорк, огромното чудовиште ќе успее да им избега и ќе почне да го опустошува градот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg