Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса

Avatar: The Way of the Water

Епската научнофантастична франшиза на Џејмс Камерон започна со Avatar од 2009 година, а со второто продолжение, само дополнително си ја зголеми популарноста.

Во вториот дел, главните ликови од претходниот филм го напуштаат својот дом за да ја истражат месечината Пандора. Но, се соочуваат со нова закана.

Поради одличната глума, импресивните визуелни ефекти и уникатната приказна, нема ни да забележите дека филмот трае нешто повеќе од три часа.

Killers of the Flower Moon

Уште еден филм во режија на Мартин Скорсезе, снимен според истоимената книга од Дејвид Гран.

Дејството е сместено во 1920-тите, во Оклахома, каде се случуваат неколку убиства откако на индијански резерват е најден извор на нафта.

Домородното население ги поседува правата за она што е најдено на нивното земјиште, но поради корупција, постои ризик да го изгубат.

Oppenheimer

Оскаровецот Oppenhemier во режија на Кристофер Нолан е инспириран од животот на Роберт Опенхајмер – физичарот кој ја направил атомската бомба во Втората светска војна.

Историската драма го опфаќа периодот кога Опенхајмер бил дел од тајниот проект Менхетн и неколку години работел на развивање на разорната бомба.

The Irishman

Не залудно Скорсезе е крал на долгите филмови – на листава ова е трет наслов во негова режија.

Дејството опфаќа неколку децении, почнувајќи од 1950-тите, а главните ликови се неколку криминалци.

Целото дејство се одвива околу убиството на Џими Хофа – криминалец кој воедно бил и лидер на синдикат во Америка.

The Brutalist

The Brutalist е филмот што му го донесе вториот Оскар на Едриен Брод.

Главниот лик е евреин кој е архитект. Откако ја преживува Втората светска војна, оди во САД со надеж за подобар живот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg