10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025
Emilia Pérez
Emilia Pérez e крими мјузикл за наркобос кој сака да си го промени полот и да стане жена.
За оваа цел, најмува адвокатка која треба да му помогне да се пензионира и да го продолжи животот во тајност.
Главната улога ѝ припаѓа на Карла Софија Гаскон која стана првата трансродова жена со номинација за Оскар за најдобра актерка.
I’m Still Here
Снимен според вистински настан, дејството на филмот се фокусира на жена која пробува да открие што се случило со нејзиниот сопруг.
Тој е политичар кој исчезнува за време на воената диктатура во Бразил во 1960-тите.
Филмот доби три номинации за Оскар, а воедно е и првиот бразилски филм кој добил номинација во главната категорија.
Nickel Boys
Nickel Boys е снимен според книга инспирирана од поправна установа во Флорида, каде децата биле изложувани на физичко насилство.
Главните ликови се двајца тинејџери кои во 1960-тите се затворени во установата.
Филмот доби номинација и за најдобро адаптирано сценарио.
The Substance
Со Деми Мур во главната улога, The Substance е вознемирувачки, но и филм со моќна порака.
Главниот лик е Елизабет, водителка на фитнес емисија која добива отказ бидејќи старее.
Набрзо потоа, таа добива понуда од лабораторија да ја проба нивната „супстанца“ за која ѝ ветуваат дека ќе ја претворат во помлада и подобра верзија од неа.
Филмот ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур.
Wicked
Мјузиклот со Аријана Гранде и Синтија Ериво во главните улоги е снимен според истоимениот бродвејски мјузикл.
Дејството е сместено во Оз (од книгата „Волшебникот од Оз“) и се фокусира на пријателството на „добрата“ и „лошата“ вештерка од книгата.
Филмот доби три номинации за Оскар, вклучувајќи и за Аријана Гранде за најдобра актерка во споредна улога.
Спирова С. | Црнобело