10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та
Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, како и нов филм на режисерот на Parasite – што ќе гледаме во првата половина од 2025 година?
За разлика од претходните години, во првата половина на 2025-та не нè очекуваат толку многу продолженија и римејкови.
Секако, има по нешто и од нив, но се истакнуваат оригиналните и наслови за кои не мора да гледате 20 филмови и серии за да бидете во тек (како со филмовите на Марвел).
10 филмови што не треба да ги пропуштите во првата половина од 2025-та:
Датумите за премиерите се однесуваат на САД, што значи некои кај нас може да бидат премиерно прикажани и подоцна.
Love Hurts
- 7-ми февруари
Love Hurt е дело на продуцентите на Bullet Train и The Fall Guy – два уникатни филма кои добија бројни позитивни критики.
Главната улога му припаѓа на оскаровецот Ке Хју Куан чиј лик работи како агент за недвижности.
Но, во минатото бил криминалец и на некој начин е присилен да му се врати на тој живот.
Captain America: Brave New World
- 14-ти февруари
Годината не може да помине без барем еден филм од Марвел.
Овој пат, дејството се фокусира на суперхеројот The Falcon кој ја има преземено должноста на Captain America.
Тој се наоѓа сред меѓународен инцидент и мора да открие кој стои зад него за да го запре.
The Gorge
- 14-ти февруари
Главната улога ѝ припаѓа на Ања Тејлор Џој која глуми снајперистка кој заштитува клисура која крие опасна тајна.
Со неа е и друг снајперист, со кого нема никаков контакт, но откако тој паѓа во клисурата, ликот на Ања мора да најде начин да му помогне.
The Monkey
- 21-ви февруари
Со Тео Џејмс и Илајџа Вуд, The Monkey e хорор-филм снимен според приказна на Стивен Кинг.
Главните ликови се браќа близнаци кои наоѓаат играчка, но нивното откритие резултира со неколку убиства.
Близнаците многупати безуспешно пробуваат да ја уништат играчката и да ги запрат убивањата.
Last Breath
- 28-ми февруари
Снимен според вистинска приказна, Last Breath раскажува застрашувачка приказна за преживување.
Главниот лик е Крис Лемонс, нуркач на големи длабочини кој издржува 30 минути без кислород, додека неговите колеги некако успеваат да допрат до него навреме и да го спасат.