Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 (одлични) филмови што периодов се прикажуваат низ македонските кина

Kraven the Hunter

Kraven the Hunter е снимен според стрипови на Марвел и е дел од Sony’s Spider-Man Universe.

Главниот лик е Крејвен кој има комплициран однос со татко му.

Поради желбата за одмазда, се мотивира да стане еден од најдобрите, но и најзастрашувачките ловци во светот.

We Live in Time

Со Флоренс Пју и Ендру Гарфилд во главните улоги, We Live in Time е забавен романтичен филм чие дејство е прикажано нелинеарно

Главните ликови се готвачка и разведен маж кои се вљубуваат и почнуваа да го градат својот живот од соништата.

Но, во меѓувреме, нивната љубов ќе биде ставена на тест.

Moana 2

Второто продолжение од забавниот анимиран филм е одличен избор за ден во кино со деца (но е забавен и за возрасни).

Главниот лик Моана повторно оди на авантура во неистражени води, откако добива повик од нејзините предци.

Mufasa: The Lion King

Дизни продолжува со своите римејкови, но сега имаме и донекаде оригинална приказна.

Дејството во Mufasa е сместено пред настаните во Тhe Lion King и се фокусира на животот на Муфаса – од неговото детство, до добивањето на титулата крал.

Sonic the Hedgehog 3

Уште едно продолжение, овој пат од франшизата Sonic the Hedgehog, снимено според истоимената видеоигра.

Во новиот филм Соник и неговите пријатели треба да победат непријател, кој е помоќен од сите што ги сретнале досега, и да ја спасат планетата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg