10 (одлични) филмови што периодов се прикажуваат низ македонските кина
Хорор-филмот Nosferatu кој е вистинско освежување за жанрот, но и неколку продолженија на веќе популарни франшизи – што можете да гледате во кино периодов?
Уште е рано да зборуваме за филмови од 2025-та, но низ кината во Македонија се прикажуваат бројни филмови од крајот на минатата година.
Додека ги чекате новите премиери, вреди да им дадете шанса на дел од филмовите кои можеби сте ги испуштиле пред крајот на годината.
10 филмови кои периодов се емитуваат низ македонските кина:
Nosferatu
Готскиот хорор-филм на режисерот Роберт Егерс е вистинско освежување за жанрот.
Снимен е според истоимениот филм од 1922-ра кој, пак, е инспириран книгата „Дракула“ на Брам Стокер.
Дејството е сместено во 1800-тите, а главните ликови се млада девојка и вампир кој е опседнат со неа.
Den of Thieves 2: Pantera
Во второто продолжение на Den of Thieves, Жерар Батлер ја репризира својата улога на шерифот Ник.
Дејството продолжува веднаш по крајот на првиот дел, а главниот лик повторно треба да се соочи со истиот негативец, кој сега е упатен кон Европа и планира да изврши грабеж.
Wicked
Wicked, со Аријана Гранде во главната улога, е снимен според истоимениот бродвејски мјузикл кој, пак, е инспирира од книгата „Волшебникот од Оз“.
Главните ликови се „добрата“ и „лошата“ вештерка, но во нивните школски денови.
А, дејството се фокусира на нивното пријателство и дискриминацијата што ја трпи „лошата“ вештерка.
Emilia Perez
Филмот кој освои Златен глобус за најдобар филм има мошне уникатна приказна.
Главниот лик е лидер на картел кој посакува да стане жена.
За оваа цел, најмува адвокатка која треба да му помогне да се пензионира од нелегалниот бизнис и да почне да го живее животот за којшто сонувал отсекогаш.
Gladiator 2
Во второто продолжение на култниот Gladiator, во главната улога го гледаме Пол Мескал.
Дејството на епската драма е сместено по настаните во првиот дел, и сега се фокусира на синот на Максимус кој трага по своја одмазда.