10 филмски премиери низ македонските кина до крајот на 2024-та
Conclave
- 7-ми ноември
Психолошки трилер во режија на реномираниот режисер Едвард Бергер.
Главниот лик е кардинал кој треба да учествува во избирањето на новиот папа.
Набрзо тој открива тајни кои можат да ги срушат столбовите на римокатоличката црква.
Gladiator II
- 21-ви ноември
24 години по веќе култниот филм, ќе имаме можност да го погледнеме и второто продолжение.
Повторно во режија на Ридли Скот, главниот лик во Gladiator II е Луциус, млад воин кој треба да се бори во Колоесумот откако Римјаните го уништуваат неговиот дом.
Heretic
- 21-ви ноември
Со Хју Грант во главната улога, Heretic е хорор-филм кој ветува многу.
Главните ликови се две млади девојки кои се заробени во домот на злобен маж.
Ако сакаат да преживеат, мора да се потпрат на нивната вера.
Wicked
- 28-ми ноември
Мјузиклот со Аријана Гранде во главната улога е инспириран од книгата „Волшебникот од Оз“, како и истоимениот филм од далечната 1939 година.
Дејството е сместено пред настаните во оригиналната приказна и раскажува за пријателството помеѓу добрата и злобната вештерка.
Kraven the Hunter
- 12-ти декември
Од Марвел претставуваат нов херој од нивните стрипови на филмското платно.
Крејвен, кој имал лош однос со татко му, бара одмазда и со ова станува најдобриот, но и најстрашниот ловец во светот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





