Најсмешните твитови за второто продолжение на Joker: „Сакам да ми ги вратат парите и времето што ги потрошив за филмот“
Второто продолжение на Joker, кое е мјузикл, се соочува со негативни критики, а истовремено ги инспирира твитерџиите кои масовно споделуваат смешни мемиња.
Неодамна во САД, а потоа и во кината ширум светот, премиерно беше прикажано второто продолжение на Joker.
Филмот со Хоакин Феникс и Лејди Гага во главните улоги е насловен Joker: Folie a Deux, а многумина беа изненадени од одлуката на режисерот да го направи мјузикл.
Првиот филм од 2019-та беше од најдобрите за таа година, а на Хоакин му донесе и Оскар за најдобра главна машка улога.
Впрочем, Joker ја доби и најважната статуетка – Оскар за најдобар филм.
Па, јасно е дека со овој филм, режисерот Тод Филипс самиот си постави превисоки стандарди.
Иако многумина негодуваа што филмот ќе биде мјузикл, сепак одлучија да му дадат шанса бидејќи очекуваа ремек-дело.
И, додека некои сметаат дека филмот е генијален, повеќето имаат лоши критики, вклучувајќи ги и врвните филмски критичари.
Лејди Гага и Хоакин Феникс добиваат комплименти за нивната изведба, но сценариото, песните и приказната се дури и исмејувани.
Накратко, во вториот дел, Артур Флек, односно Џокер, пробува да се справи со својот двоен идентитет.
Дејството на филмот е сместено две години по првиот дел и Џокер е затворен во менталната установа во Аркам, каде што чека смртна казна.
Овде тој сретнува пациентка – Харли Квин – која е опседната со него.
Па, Џокер престанува да ги пие своите лекови и почнува да живее во своите фантазии каде што честопати пее и танцува, заедно со Харли.
Во продолжение трејлер од филмот:
Иако музичките нумери доминираат во филмот, режисерот изјави дека не сака да го обележи како мјузикл:
„Најголемиот дел од песните во филмот се само дијалог.
Артур не може да ги најде соодветните зборови за да го каже она што сака, па затоа пее“.
Иако филмот се покажа како неуспех, барем ги инспирира твитерџиите за бројни забавни мемиња.