Филмови кои треба да ги гледате кога ви треба промена во животот
Кога се борите да излезете од моменталната ситуација, изгледајте го The Pursuit of Happyness кој ќе ве мотивира.
Покрај книгите за самопомош кои многумина ги гледаат како излез од нивната ситуација, добар совет може да добиете и од филмовите.
Со што и да се борите во животот, постои филм кој ќе ве натера да погледнете на работите од нова перспектива.
Предлог филмови кои треба да ги погледнете во моментите кога сакате да промените нешто во својот живот:
Кога ви треба голема животна промена за да продолжите понатаму: Under the Tuscan Sun
Френсис Мејс, 35-годишна писателка од Сан Франциско, се разведува, што, пак, резултира со проблеми со пишувањето и депресија.
Подоцна, таа решава да купи куќа во Тоскана за да си го промени својот живот.
Кога ви треба целосен пресврт во животот: Groundhog Day
Нарцисоиден, егоцентричен метеоролог се наоѓа во временска јамка и го живее истиот ден одново и одново.
А, за да излезе од јамката, треба да научи некои работи за себе, но и за луѓето околу него.
Кога се борите да излезете од моменталната ситуација: The Pursuit of Happyness
Продавач се бори да го преземе старателството над својот син, додека е подготвен да започне професионална кариера што ќе му го промени животот.
Кога не можете да го преболите бившиот партнер: Eternal Sunshine of the Spotless Mind
Џоел и Клементајн се вљубуваат практично на прв поглед, но не се свесни за нивната заедничка историја...
Кога се борите со вашата емотивна страна: Inside Out
Девојче се преселува во нов град, но не може да се адаптира и кај нејзините емоции владее вистински хаос.
Кога конечно сакате да го живеете животот најдобро: Last Holiday
Откако дознава дека има смртоносна болест, една срамежлива жена решава да го продаде целиот свој имот и да живее во луксузен хотел во централна Европа.
М. Ѓ. | Црнобело