10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате
Children of Men
Дејството е сместено во блиска иднина каде што луѓето ја изгубиле способноста да се размножуваат.
Но, една девојка останува бремена и главниот лик е на задача да ја заштити.
WALL-E
Анимиран филм кој прикажува иднина што можеби ќе ја дочекаме и ние.
Поради загадувањето, Земјата не е погодна за живот и сите луѓе живеат на огромен вселенски брод.
Главниот лик е всушност мал робот создаден со цел да го чисти ѓубрето кој останал на Земјата по заминувањето на луѓето.
V for Vendetta
Во футуристичка Британија каде што владее тоталитаризам, еден маж, познат само како V, врши терористички напади со цел да го промени опресивното општество.
Главниот лик е девојка која случајно го сретнува и одлучува да му помогне.
Interstellar
Ако сакате научна фантастика, Interstellar е филм што мора да го изгледате.
Кога на човештвото му се заканува изумирање, неколку астронаути одат во потрага по нова планета.
Oblivion
Откако Земјата е практично уништена по војна со вонземјани, луѓето живеат на вселенски бродови.
Главниот лик е маж кој останал на Земјата како инженер за да ги набљудува машините кои ги користат природните ресурси.
Спирова С. | Црнобело