10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате
Interstellar, V for Vendetta и Blade Runner 2049 се сметаат за едни од најдобрите дистописки филмови кои прикажуваат потенцијални катастрофи и проблеми со кои би можело да се соочи човештвото. И, навистина треба да ги изгледате.
Дистописките филмови прикажуваат реалност што ретко кој сака аа си ја замисли. Свет уништен од војни, болести или нешто сосема друго, во кој човештвото едвај преживува.
Овие филмови неретко тераат да размислуваме за општествените проблеми кои можеби ќе водат до таква иднина.
10 дистописки филмови кои сите треба да ги изгледаат:
Alita: Battle Angel
Снимен според популарен манга серијал, Alita: Battle Angel се фокусира на Алита – робот кој се буди во ново тело, без сеќавање за своето минато.
Таа тргнува на мисија да ја открие висината за себе.
Idiocracy
Idiocracy е всушност дистописка комедија за која јавноста почна да се шегува дека сè повеќе наликува на документарец.
Главниот лик случајно патува во иднината и, на неговото големо изненадување, сфаќа дека луѓето станале толку глупави, што тој е најинтелигентниот човек во Америка.
Ghost in the Shell
Во овој случај, препорачливо е да го изгледате јапонскиот анимиран филм, но доста добар е играниот филм со Скарлет Јохансон во главната улога.
Дејството е сместено во блиска иднина, а главниот лик е жена која со кибернетика е претворена во совршен војник.
Нејзината задача е да се справи со најопасните криминалци.
Minority Report
Со Том Круз во главната улога и во режија на Стивен Спилберг, Minority Report е уникатна и забавна акција.
Снимен според книгата на Филип К. Дик, дејството е сместено во иднина кога полицијата има моќ да ги предвиди криминалните дела уште пред да се случат.
Но, еден полицаец сфаќа дека тој ќе го изврши следното криминално дело и пробува да побегне.
Blade Runner 2049
Добро би било да го изгледате првиот Blade Runner од 1982-ра, но можете да почнете и со последниот филм, иако можеби ќе бидете збунети за некои работи.
Главниот лик е полицаец од Лос Анџелес кој открива тајна што може да предизвика вистински хаос.