„Години наназад мислев дека е депресија, ама и тие две одат заедно, затоа не си ни сигурен. После одреден период виновник ги правев ПМС периодите. Некогаш кога ќе изброиш деновите, па нешто не ти се поклопува, си викаш период е, нормално е, секој поминува некогаш низ тоа, и на крај сфаќаше дека периодот трае предолго и нешто не е ОК со тебе...“, искрено раскажува Маргарита Каранфилов (27) од Радовиш, мајка на две деца.