„Ова се Сафет и Харун. Како по обичај, денес повторно поминаа од кај црквата. Знаеш дека доаѓаат уште од километар, оти викаат на цел глас ‘Попеее, тука сиии?’…“, ја почнува својата приказна Филип Иванов, пастор во Евангелската Црква во Велес. Тој им го оствари сонот на Сафет и Харун, но и сонот на сите нас дека постојат вакви луѓе во Македонија.