Девојка од Скопје настапи гола и излепена само со самолеплива трака во „Ѕвездите на Гранд“ (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 20 јуни 2022
По Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша и една Македонка се одлучи на смело појавување само со самолеплива трака на себе. Андријана Петрушовска од Скопје изгледот го надополни и со ангелски крилја.
Андријана Петрушовска од Скопје постојано има впечатливи појавувања во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а сега под ментроство на Ѓорѓе Давид таа се појави во најсмелото издание досега.
Андријана на сцената излезе гола, излепена само со самолеплива трака и со ангелски крилја на себе.
Со својот впечатлив настап таа се пласираше во полуфиналето на шоуто.
Како изгледаше Андријана на сцената:
https://www.instagram.com/p/Ce_tMK1stTu/
С. С. | Црнобело