Англичанка се врати во Охрид по 31 година и го бара својот пријател Македонец: „Го знае ли некој дечкото од фотографијата?“
- Детали
- четврток, 16 јуни 2022
„Во Охрид сум после 31 година и е уште поубав отколку што го паметам. Дали некој го знае мојот пријател во маицата со риги? Фотката е од'91-ва“ - стои во Фејсбук објавата на Англичанка која е во потрага по нејзиниот пријател Македонец. Да ѝ помогнеме да го најде!
Некои луѓе и пријателства не се забораваат дури ниту по 31 година помината без никаков контакт.
Доказ за тоа е оваа жена од Англија, која по 31 година дошла повторно во Охрид и од луѓето на социјалните мрежи бара помош во потрагата по нејзин стар пријател.
Во Фејсбук групата Expats and Foreigners in Macedonia (Skopje, Ohrid and other cities), жена по име Faye Phillips, сподели стара фотка од двајца момци и напиша:
„Во посета на Охрид повторно после 31 година! Сега сум тука и е уште поубав отколку што го паметев.
Ве молам, дали некој го препознава мојот пријател во маицата со пруги? Оваа фотографија е направена во 1991.“
Засега нема други информации за нејзиниот пријател, а во коментари луѓето ја советуваат да ја сподели фотографијата во повеќе Фејсбук групи.
Споделете и вие и да помогнеме таа да успее да си го пронајде својот пријател!
М. М. | Црнобело