Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Германскиот ракометар Кристијан Дисингер ја запроси својата девојка - струмичанката Марија Андоновска (фото)

Додека играше за нашиот ракометен клуб РК Вардар, Кристијан Дисингер (30) се вљуби во убавата струмичанка Марија Андоновска, а по 3 години врска ја запроси. Нејзината сестра близначка Душица пак, е во брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ.

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-zaprosi-prekrasna-makedonka-foto-01.jpg

Кристијан Дисингер (30) е германски ракометар кој додека играше за нашиот ракометен клуб РК Вардар и живееше во Македонија се вљуби во убавата Марија Андоновска. Марија потекнува од Струмица и по професија е архитект.

По околу 3 години врска, вчера (15.06) на нивниот одмор во Ханиоти, Грција, тој ја запроси токму на нејзиниот роденден.

Ракометарот објави фотографија од блескавиот свршенички прстен на својот Инстаграм профил.

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-zaprosi-prekrasna-makedonka-foto-04.jpg

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-zaprosi-prekrasna-makedonka-foto-03.jpg

Нејзината сестра близначка Душица Андоновска е во брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, исто така некогашен играч на Вардар.

Тие пак вчера, на денот на роденденот на Марија и Душица, ја прославија првата годишнина од брак. По тој повод Игор објави фотографија од Душица и напиша: „Среќен роденден на мојата најубава насмевка“.

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-zaprosi-prekrasna-makedonka-foto-09.jpg

Инаку, последен клуб за кој Кристијан Дисингер беше ангажиран е „Динамо Букурешт“ во Романија, а каде ќе живеат Кристијан и Марија останува да видиме.

Повеќе фотографии од парот:

Прочитајте и Марија Андоновска: „Москва за Нова година е бајка, но кога слетавме беше -17 Целзиусови степени“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка со драстична трансформација: Како изгледав и живеев на 35 години vs. на 50? „Ова е Гоца на свои 35 години - работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на...
Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на сакани... „Пред 3 години, почнав на најблиските за секој роденден и празник да им подарува...
Како изгледаа македонските поп-пејачи во младоста vs. денес? За Маја Панчева и Дарио како да запрело времето, а Бојана Скендеровски целосно г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg