„Сега имам 24 години, а на мои 4 години, одејќи во градинка, предучилишна возраст по извесно време, се враќам дома и одеднаш почнувам да зборувам многу чудно. Моите се разбира дека биле загрижени, но мислеле дека е моментално и не е нешто сериозно, но не беше така...“, ја започнува својата приказна Јован Илиески (24) кој живее во Тетово и сака да им помогне и на други кои се соочуваат со пелтечење.