Позитива на денот: Дечко од Дебар со помош од пријател исчисти цел предел покрај Дебарското Езеро (фото)
- Детали
- вторник, 23 август 2022
Вреќи и вреќи ѓубре собра совесниот Бленд Троци од Дебар со помош на младиот Каја Сами. Потег кој стана вирален хит и е за секоја пофалба.
Бленд Троци од Дебар е наша инспирација на денот. Вљубеникот во велосипедизам бил разочаран од сцената на која налетал додека возел со велосипед во дебарско, па така со помош од младиот Каја Сами одлучил да го исчисти цел отпад кој го фрлиле несовесни граѓани.
Бленд и Каја Сами чистеле со часови и резултатот од нивната напорна работа е неверојатен.
Посакуваме сите да имаат барем малку од нивната еко свест и заедно да ја направиме Македонија почисто и подобро место за живот.
Објавата на Бленд на Фејсбук, која вирално се споделува:
„Кога ќе го започнеш денот со спортска активност и ненадејно ќе видиш загадена средина... Навистина не можам да го поднесам тоа. Му благодарам на Каја Сами за помошта.
Знаеме дека одмаздата на природата кон човештвото штотуку започна, но ние не знаеме колку сериозни ќе бидат раните кои ќе ги добиеме. За почист Дебар...“
Повеќе фотографии од нивната работна акција:
С. С. | Црнобело