Доктор Горан за првпат го донесе синчето во Македонија и направи слатко видео: „Себастиан стапна на македонско тло“
- Детали
- вторник, 16 август 2022
„Добро те најдовме Македонијо! Себастиан првпат стапна на македонско тло“ – популарниот доктор Горан, кој живее во Германија, го донесе синчето во Скопје и објави слатко видео од двата аеродроми, кое стана вирален хит.
Доктор Горан Трајковски се прослави на Инстаграм со видеата и објавите во кои ги едуцира своите следбеници на теми од медицината, но и со забавното прикажување на неговото секојдневие во Германија, посебно за време на екот на пандемијата.
Тој за брзо стана омилен инфлуенсер кај македонската публика, а иако се труди семејниот живот да го држи понастрана од јавноста, сепак знае да сподели приватни моменти со синчето Себастиан.
Минатото лето, по подолг период, доктор Горан се врати во својата родна Македонија, но беше сам.
Сега, докторот повторно е во посета на Македонија, овојпат со синчето, кое првпат стапнува на македонско тло и по тој повод направија забавно видео, кое вирално се споделува како најслаткото нешто на денот.
„Добро те најдовме Македонијо! Себастиан прв пат стапна на македонско тло“ - стои во описот на видеото.
М. М. | Црнобело