Вирален статус на Македонец: „Мојата сопруга би ја прогласил за ‘Маж на годината’“

„Колку и да ги совладуваме обврските поделено, сè некако ми се чини дека жена ми полесно излегува на крај со сè...“, започнува моќниот статус на Столе Ѓорѓиевски, татко на близнаци.

viralen-status-na-makedonec-mojata-sopruga-bi-ja-proglasil-za-mazh-na-godinata-01.jpg

Столе Ѓорѓиевски, сопруг и татко од Скопје, е еден од оние луѓе кои отворено зборуваат за сите теми на социјалните мрежи, па така е и кога станува збор за семејниот живот.

Тој вели дека улогата татко на близнаци е најубавата улога која некогаш ја добил во животот, но и најтешката и дека сопругата Тамара е вистинска кралица кога станува збор за грижата околу нив, но и комплетно за одржување на семејниот ред во домот.

Неговата објава за неа стана вирален хит на Фејсбук:

„Гледам пак има гласање, еуфорија прават за кој ќе биде маж на годината...

Во сите категории жена ми треба да биде победник.

Оваа и секоја година наградата треба да ја зема мојата Тамара – или секоја жена-мајка што живее и работи со цело срце и душа.

Кога децата ќе се разболат, таа е таа што ноќе не спие, мери температура, прави облоги, смирува плач, а наутро пак оди на работа, како ништо да не било.

Таа е прва што станува и последна што легнува – секогаш тука да ги нахрани сите, да подготви сè, а пак да остави време и за себе да се спреми за денот.

viralen-status-na-makedonec-mojata-sopruga-bi-ja-proglasil-za-mazh-na-godinata-02.jpg

Домот не е само чист, туку и полн со топлина и ред, благодарение на неа. Таа знае каде е секоја изгубена чорапа, секоја сметка и секој клуч.

Таа е домашен лекар, психолог, учител и пријател – секогаш тука за децата, но и за мене, со најголемата поддршка кога е најтешко.

На работа не оди само за плата – таа таму вложува труд и енергија како да го гради своето. Никогаш не се жали, дури ни кога е преморена.

Таа планира родендени, ги помни сите датуми, организира оброци, подароци, средби, сè што некој би заборавил.

Готви, пере, пегла, чисти, но тоа никогаш не е само рутина – сè е со љубов, за сите да сме среќни.

viralen-status-na-makedonec-mojata-sopruga-bi-ja-proglasil-za-mazh-na-godinata-03.jpg

Во недела попладне, кога сите одмараат, таа сè уште прави простор за детските игри, за разговорите што ги зближуваат и за моментите што се паметат.

И дури тогаш, кога нема сила повеќе, ќе најде начин да ме насмее, да ме потсети колку сме среќни што ја имаме.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонец со сопругата Унгарка и синот води „живот на тркала“ - готват во кампер во Италија, пеат ма... Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот ј...
Вирален статус на Македонец: „Жена (39) од Србија сподели дека си го сака животот, иако нема деца - ... „Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Драган Спасов Дац на ‘Мажи на годината 2024’: „Да си маж на годината во сопствениот дом, на својата ... „Има една категорија на којашто посебно ќе ѝ дадам значење, а тоа е маж на годин...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg