„Бев втора смена во Итната медицинска помош. Ѕвончето заѕвоне и станавме на штрек мислејќи дека е пациент, но влезе Андреј со другарите и клекна пред мене со прстен. Се шегувавме со колегите дека тука ете и нешто добро се случува“ – раскажува за CRNOBELO.com д-р Елена од Берово за уникатното запросување.
Роденденско видео составено од емотивни мигови... Од тоа кога Максим бил бебенце и Тони го шетал во кенгур до семејните патувања и кадри од тоа како изгледа Максим денес...
„Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас“ – напиша меѓу другото раперот Таско до фотографиите од ќерката Кирјана. Тој и сопругата ја испочитуваа традицијата, па не го покажуваа бебето додека не наполни 40 дена.
Шише вино, чоколатца, корпа со овошје, уникатни рачни изработки... Што можете да однесете кај блиските како подарок за слава и да ги изненадите?
„За мажот кој докажа дека бајките се вистински. Ти трансформираше сè што мислев дека знам за животот - на најубавиот можен начин…“, вели Сандра Матеска за филмското запросување кое ѝ го приредил саканиот.
„Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден човек наш со карти во публиката, моите беа дома, а пак продукцијата моја тогашна не беше ни свесна за тоа што песнава ќе донесе...“, емотивно споделува Александра Пилева Чадиев за победата на Макфест во 2004.
„Ние мажите сме малку тешки, заборавени и да не беше CRNOBELO.com, тешко дека ќе се соберевме“ - ни кажа Слаткар, кој поттикнат од анкета на нашиот портал ги одведе на вечера Тони Зен, Тајзи и 2Бона.
Борко Ристовски го прослави роденденот со семејството, Тамара Тодевска уживаше во Маврово, а Слаткар и Некст Тајм најавија музичка соработка.
Македонската инфлуенсерка со сопругот Тадеј, ракометар од Словенија, живее во мало планинско гратче во Германија, кое се вика Зул и има население од околу 36.000 жители.
Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот јазик, специјалитети, а со саканиот Драган од Скопје ужива во животот на тркала.
На 88 години почина Оливера Николова, жената која ја напиша култната „Зоки Поки“, писателка позната како мајка на македонската литература за деца и возрасни.
„Во Скопје и околината ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со услови за појава на магла“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.
Каролина Гочева накратко го замени Скопје за Лос Анџелес и во моментов ужива на одмор и прошетка во Калифорнија.
„Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти кажале ‘Ќе умреш’. Мислам дека и после 3 години уште не сум вратена ментално на истото како претходно…“, искрено споделува Лила Филиповска.
„Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам. Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден...“, напиша Лила Филиповска.
Од позирање покрај езерцата и на клупите до кадри со есенски лисја, македонските инфлуенсерки направија совршени есенски фотки во нашиот омилен Градски парк.
„Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата... Школување... Курсеви, секции... Трчаш и никако да истрчаш насекаде. До каде, до кога?! Зошто?!“, гласи дел од моќната објава на Сузана Турунџиева.
Ликот на Дани Димитровска е ист, но многу го промени имиџот кој во младоста ѝ беше порокерски, Каролина беше дете кога ја започна кариерата, а денес е прекрасна отмена дама. Колку се променија нашите пејачки низ годините?