Каролина во Лос Анџелес - се дружи со пријателите, ужива на концерти и во познати ноќни клубови
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2024
Каролина Гочева накратко го замени Скопје за Лос Анџелес и во моментов ужива на одмор и прошетка во Калифорнија.
Пејачката Каролина Гочева пред неколку дена замина во Лос Анџелес, во друштво на Бобан Милошоски од „Авалон продукција“ и неговата сопруга Зорица.
Времето во Калифорнија, Каролина го искористи да се види со свои пријатели, но и да се прошета низ градот и да ги посети омилените места, бидејќи ова не е нејзина прва посета на Л.А.
Таа на својот Инстаграм објави неколку фотографии и видеа од деновите поминати таму.
Oткри дека била на познатата Venice Beach на зајдисонце, дека се забавувала на журка за Halloween, дека во таксито во кое се возела на Halloween има скелет, а сподели и заеднички моменти поминати со другарките, со Бобан и неговата сопруга.
„Лос Анџелес до сега“, напиша Каролина, дополнето со емотикон сонце, како асоцијација на сончевите денови во Калифорнија.
Каролина на фотографиите изгледа прекрасно и уште еднаш покажа дека има беспрекорен стил и кога не е на сцената.