Што се носи како подарок за слава + идеи за уникатни рачни изработки за домаќините
- Детали
- четврток, 07 ноември 2024
Шише вино, чоколатца, корпа со овошје, уникатни рачни изработки... Што можете да однесете кај блиските како подарок за слава и да ги изненадите?
Со празникот Свети Димитрија, во народот познат и како Митровден, започнува сезоната на слави, кои се идеална пригода за да се видите со блиските и пријателите.
За да не се мислите многу што треба да купите како подарок ние се обидовме да издвоиме неколку различни подароци од македонски мали бизниси и ракотворци со кои сигурно ќе ги израдувате домаќините.
Во минатото често се велеше дека на слава не се кани, но денес сите знаат дека е убаво да се најавите дека ќе дојдете.
Исто така, често се вели дека не се оди ниту со празни раце, па ако одите кај луѓе што не ви се премногу блиски можете да однесете само чоколатца, вино и цвеќе, како што се правело во минатото или да изберете некои од уникатните корпи.
Доколку, пак, одите кај луѓе што ви се блиски, или пак, ако сакате да им подарите уникатен подарок што сигурно ќе им се допадне на домаќините, тогаш може да однесете некои од уникатните рачни изработки што ги приложуваме.