Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Раперот Таско ги објави првите фотки од новородената ќерка: „Добредојде Кирјана“

„Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас“ – напиша меѓу другото раперот Таско до фотографиите од ќерката Кирјана. Тој и сопругата ја испочитуваа традицијата, па па не го покажуваа бебето додека не наполни 40 дена.

raperot-tasko-gi-objavi-prvite-fotki-od-novorodenata-kjerka-dobredojde-kirjana-01.jpg

Последните неколку месеци беа исполнети со голем број успеси за нашиот рапер Таско.

Тој и сопругата Наташа во септември годинава ја добија ќерката, на која ѝ го дадоа традиционалното македонско име Кирјана.

Кон крајот на октомври настапи на „Макфест“ со Теа Трајковска и ја испеа песната „Сатурн“, која деновиве постојано се врти на радио.

Тој исто така ја доби и наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала, за песната „Сафир“ која ја изведе заедно со Малена.

raperot-tasko-gi-objavi-prvite-fotki-od-novorodenata-kjerka-dobredojde-kirjana-06.jpg

Сега откако стивна еуфоријата околу фестивалот и откако ќерката наполни 40 дена, раперот ги сподели првите фотки од најновиот член на нивното семејство, а во описот до нив накратко порача:

„Добредојде Кирјана! По долгото чекање и исполнети срца, нашето најмалечко конечно е тука да ни ги разубави деновите и да ни донесе уште повеќе љубов и топлина во животот.

Благодарни сме за љубовта што ја добивме од семејството и пријателите и со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа нова авантура со вас сите. Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас“.

raperot-tasko-gi-objavi-prvite-fotki-od-novorodenata-kjerka-dobredojde-kirjana-05.jpg

Инаку, Таско и Наташа во јуни минатата година го прославија првиот роденден на синот Лукијан. Тој во интервју претходно заборуваше за тоа како се снаоѓа во улогата на татко со првото дете.

Целото интервју можете да го проследите ТУКА.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

raperot-tasko-gi-objavi-prvite-fotki-od-novorodenata-kjerka-dobredojde-kirjana-02.jpg

raperot-tasko-gi-objavi-prvite-fotki-od-novorodenata-kjerka-dobredojde-kirjana-03.jpg

raperot-tasko-gi-objavi-prvite-fotki-od-novorodenata-kjerka-dobredojde-kirjana-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мартија Станојковиќ и саканиот на романтично патување за Валентајн - јадат пица во форма на срце Мартија и нејзиниот сакан Матеј се во врска околу 2 години, но парот многу ретко...
Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 6-иот роденден со тема „Catwoman“ и 750 балони (фото) За роденденската декорација биле искористени  750 балони, неколку принтани ...
Павле Камилоски прави склекови на паркинг на Водно, Дац слави роденден: Што прават македонските ѕвез... Водителката Елена Стојановска објави ретка семејна фотографија со сопругот и ќер...
Жарко Димоски со сопругата и синот ужива во Дубаи, во хотел со кралски третман и со личен батлер (фо... Од раскошен ентериер со златни детали до неверојатен поглед, Жарко со саканата А...
Иван Јованов во Банско - заљубен покрај сопругата, насмеан со ќерката Популарниот музичар Иван Јованов и неговата сопруга ја одведоа ќеркичката Ниа на...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg