Витаминка и Кожувчанка за оние кои денеска го поминаа граничниот премин Богородица, како и за оние кои ќе го поминат во текот на утрешниот ден, подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци - Цевитана и природна Изворска вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности. Или, пак, да ги понесат со себе и да уживаат во освежувањето попатно или додека престојуваат на некое од одбраните места за одмор...