56 години од денот кога Скопје засекогаш се промени - Како изгледаше пред земјотресот во '63-та?
- Детали
- петок, 26 јули 2019
56 години од денот кој засекогаш остави болна трага кај скопјани – 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој никогаш нема да се заборави, а се молиме никогаш да не се повтори.
26 јули 1963-та година, злокобниот датум кога во 5:17 часот срцето на скопјани за момент застана и засекогаш остави трага во нивните спомени - болна рана која никој не сака да се повтори.
Секоја година на овој ден, скопјани со болка во срцето се присетуваат на ужасниот земјотрес со 9 степени според Меркалиевата скала и магнитуда од 6,1 степени, во кој околу 1.000 жители ги загубиле животите, а огромен број луѓе останале без кров над глава.
И покрај тоа што катастрофалниот земјотрес го опустошил главниот град и оставил огромни последици врз жителите, Скопје успеало повторно да се крене благодарение на помошта од целиот свет и волјата на граѓаните.
Денес Скопје е „нов град“, но како изгледаше Скопје пред кобниот земјотрес во 1963-та?
Старите скопјани се присетуваат на нивниот град и секоја година објавуваат фотки од Скопје пред датумот кој никогаш нема да биде заборавен.
Прочитајте и „Скопје, радост ти ќе бидеш“ - 55 години од катастрофалниот земјотрес
'20-ите, '30-ите, '50-ите и почетокот на '60-ите години - Скопје пред земјотресот, низ фотки:
М. М. | Црнобело
Фото: Stari Skopjani / This City Knows