Најновото истражување покажува дека дури 35% од Европејците би избрале полнење на телефон отколку пари

Студија на Samsung открива дека полнењето на телефонот прераснува во една од базичните физички, емоционални и психолошки потреби во општеството

najnovoto-istrazuvanje-pokazuva-deka-duri-35-od-evropejcite-bi-izbrale-polnenje-na-telefon-otkolku-pari-01.jpg

Скопје, (24.07.2019) - Мобилните телефони повеќе не се само метод на комуникација, туку се значајни емоционални и физички ресурси, согласно најновото Европско истражување на Samsung: 35% од луѓето преферираат да им се позајми полнење на телефон отколку пари.

Студијата на повеќе од 6.500 испитаници покажува дека споделување батерија за телефон е многу значаен подарок во модерниот свет. Кога го позајмуваме нашиот телефон или неговата батерија, ние споделуваме личен дел од самите себеси и создаваме лично поврзување, кое има придонесено за раст на новиот вид на општествена вредност и човеково однесување – “дигитална добрина“.

Истражувањето покажува дека желбата на некој да му ја дадеш телефонската батерија е индикатор за тоа колку се грижиш, што го зголемува нивото на поврзаност (или желбата за поврзаност) со некого. На пример, испитаниците најмногу се двоумеле да ја споделат батеријата со странец (14%), наместо со колега (39%), член на семејството (72%), пријател или партнер (двете на 62%).

Во секој случај, споделувањето на батеријата има моќен исход за сите. 62% од луѓето велат дека тие би му купиле кафе на странец ако им дозволат полнење на батерија за возврат. 7% рекле дека дури би сакале да одат на состанок со него/неа.

Споделување на батеријата од телефонот може да се види како дел од модерното рандеву и како нешто што може да ја зацврсти романтичната врска: преку една петтина (21%) од сите испитаници рекле дека истото би било многу значаен гест на состанок. Сепак, 76% остануваат претпазливи и не би ја споделиле својата батерија со некој на првиот состанок, додека просечниот дел од нив претпочитаат да почекаат до третиот состанок.

Оваа најнова општествена валута во романтичните врски преовладува во Gen Z и миленијалците: околу две третини од испитаниците (62%) на возраст од 18-34 години би ја споделиле батеријата со личност која им се допаѓа со цел да ја запознаат подобро.

„Согласно истражување на Маслоу - психолог кој ги истражувал потребите кои го поттикнуваат човековото однесување - нашите телефони брзо прераснуваат во секојдневен приоритет,“ вели Кетрин Темплар Луис, бихевиорален психолог. „Понудувајќи нешто толку значајно како полнење на батеријата активира региони и хемикалии во мозокот кои што се поврзуваат со задоволство и доверба. Бранот на окситоцин предизвикува топол ефект на сјај, познат како ‘еуфорија на помагач’, која води кон појака општествена врска. Споделувањето на енергија е одличен начин за да се запознаат нови пријатели или да се поттикне романса затоа што отвора нова димензија во човековото однесување и интеракција.“

PowerShare технологијата на Samsung Galaxy S10 им овозможува на корисниците безжично да ја споделат енергијата од батеријата на телефонот со други компатибилни уреди. Истата е движечка сила на оваа општествена валута која е во развој.

„Новата технологија која им овозможува на телефоните безжично споделување на енергијата од батеријата ја отстранува зависноста од традиционалните полначи и помага во еволуцијата на модерното човеково однесување,“ вели Марк Нотон, Директор, Портфолио за мобилни продукти и стратегија, Samsung Electronics. „Интересно, нашето истражување открива дека давајќи му на некого дел од својата батерија за да му помогнеш е моќен начин на општествено поврзување и причина за поголема доверба во модерните врски. Прашувајќи некого да ја сподели енергијата со тебе или – или дури да споделите енергија со нив – истото може да прерасне во нешто вообичаено.“

najnovoto-istrazuvanje-pokazuva-deka-duri-35-od-evropejcite-bi-izbrale-polnenje-na-telefon-otkolku-pari-02.jpg

Останати клучни наоди се:

Gen Z и Миленијалците најмалку би споделиле со странец:

Оние на возраст од 18-34 години најмалку е веројатно да споделат енергија со странец на кој истото му е потребно (21%).

Baby boomers ќе споделат со странци, но не за љубов:

Оние над 55 години најверојатно ќе споделат енергија на батерија со странец во потреба (36%), но најневеројатно е дека ќе споделат за можна романтика (21%).

И покрај бенефитите, сите сме претпазливи споделувачи:

Една третина (33%) велат дека би излажале за нивото на батеријата за да избегнат нејзино споделување.

Канцеларијата не е толку пријателско место кога се зборува за споделување:

41% од испитаниците одговориле дека прашањето од колеги да го позајмат телефонот или енергија од батерија е едно од најдосадните прашања на работа.

Истражувањето се реализирало со цел да се одбележи лансирањето на Samsung S10. Samsung има развиено и водич за “дигитална добрина“ што ќе им помогне на сите со PowerShare функцијата, и сега и во иднина.

najnovoto-istrazuvanje-pokazuva-deka-duri-35-od-evropejcite-bi-izbrale-polnenje-na-telefon-otkolku-pari-03.jpg

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со своите трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, смартфоните, уредите дизајнирани за носење, таблетите, дигиталните апарати, мрежните системи, и меморијата, LSI системи, леењето и ЛЕД технологијата. За најновите вести, Ве молиме посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com.

Samsung Wireless PowerShare

Безжичниот PowerShare може да го надополни сите Qi-компатибилни додатоци или телефони. За да се користи, едноставно се активира Wireless PowerShare во панелот за нотификации, потоа се поставува уредот на центарот на Galaxy S10 свртени и двата со грб. Уредите се одвојуваат кога е префрлено доволно енергија од батеријата, или почекајте додека другиот уред е целосно полн.

Истражувањето

Онлајн анкетата е реализирана од Atomik Research на 6.519 лица постари од 18 години во 7 Европски држави (Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија, Унгарија, Чешка и Словачка). Теренското истражување се остварило во Мај 2019. Atomik Research е независна креативна агенција за истражување на пазарот која има MRS сертифицирани истражувачи кои го следат MRS кодот.

Кетрин Темплар Луис

Кетрин Темплар Луис има широко познавање на науката и психологијата. Нејзиниот фокус е улогата на технологијата во општеството и како човековото однесување се менува како резултат на тоа. Кетрин е дел од експертскиот панел на светски познатата институција за етика и однесување, Debrett’s – специјализација на дигиталното и мобилно однесување.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg