Нови „Б2Б“ пакети производи од Охридска банка наменети за правни лица

Охридска банка АД Скопје го збогатува своето портфолио на производи наменети за правни лица, воведувајќи нов производ „Б2Б“ Пакет составен од повеќе производи за еден надомест.

novi-b2b-paketi-proizvodi-od-ohridska-banka-nameneti-za-pravni-lica-01.png

Со својот труд постојано насочен кон креирање на поквалитетни услуги за бизнис секторот во земјата, Охридска банка АД Скопје создаде два типа на „Б2Б“ Пакети за правни лица кои се скроени со различна комбинација на производи, со цел да им се даде можност на копманиите да го изберат пакетот кој најмногу одговара на начинот на работа на нивната компанија. Па така, Смарт бизнис пакетот, важи за основен пакет кој нуди одржување на трансакциска сметка, користење дебитна картичка Visa Business, OBSGNet – електронско банкарство, како и можност за СМС известувања за еден месечен надомест чиј износ е до 40% помал во однос на поединечното користење на сите овие производи. Супериор бизнис пакетот е проширена форма од основниот пакет и освен одржување на трансакциска сметка, користење дебитна картичка Visa Business, OBSGNet – електронско банкарство, можност за СМС известувања, вклучува и користење на кредитна картичка MasterCard business, за месечен надомест кој е исто така до 40% помал во однос на поединечното користење на сите овие производи. Дополнителна поволност за корисниците на еден од „Б2Б“ Пакетите е можноста за промотивно користење на Лифт кредитот без провизија за одобрување, за сите апликации до 31.12.2019г.

Повеќе информации за „Б2Б“ Пакетите за правни лица може да дознаете на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури, како и на Контакт-центарот на Охридска банка на (02) 15 050. 

novi-b2b-paketi-proizvodi-od-ohridska-banka-nameneti-za-pravni-lica-02.jpg

За Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал еуниверзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за  цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – „Global Finance“, „Euromoney“ и „The Banker“ и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од „Global Finance“ и „Euromoney“. Во 2018 година, банката повторно ја доби наградата за Најдобра банка во Македонија, според познатиот магазин „Global Finance“. Во 2019, Охридска банка Сосиете Женерал по четврти пат го понесе признанието на „Global Finance“ за Најдобра банка во Македонија. 

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа неде... Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg