Прилепска Пиварница прославува 95 години и го лансира Златен Даб Classic!
- Детали
- понеделник, 29 јули 2019
29.07.2019 - Својот 95-годишен јубилеј, Прилепска Пиварница го прослави со промовирање на своето најново пиво – Златен Даб Classic, оригинално македонско пиво со 100% јачменов слад. Произведено со најсовремена технологија, во контролирани услови, од најквалитените природни состојки, Златен Даб Classic настапува на македонскиот пазар како новитет и вистинско изненадување за сите пивски љубители.
„Златен Даб Classic е нашиот начин како да ги прославиме традицијата и квалитетот зад кои цврсто стои Прилепска Пиварница. Со Златен Даб Classic создадовме нов, автентичен вкус, создадовме уникатно македонско пиво со 100% јачменов слад, а веруваме дека вистинските љубители на пиво ќе го препознаат како вистинско освежување уште од првото консумирање.
Несомнено, како што ние ја викаме „новата класика“ е производ на 95-годишната традиција, но, и тоа е потврда дека инвестирањето во најсовремена пиварска технологија нè става на рамниште на најпопуларните светски пиварски индустрии. Златен Даб Classic е уште еден голем важен чекор во нашата стратегија за развој и проширување на нашето портфолио, за да им понудиме на нашите фанови нешто ново, нешто возбудливо – изјави г. Сашко Самарџиоски, Генерален менаџер на Прилепска Пиварница.