Македонско девојче: Прилепчанката Оливера моќно изведе оперска арија среде прошетка низ Версајскиот дворец (видео)
- Детали
- четврток, 01 август 2024
„Епски момент. Не го криј својот талент од светот“, „Би била прекрасна Јулија на сцената“, се дел од коментарите што ги доби нашата пејачка Оливера Ѓоргоска, која долги години живее и работи во Лас Вегас.
Оливера Ѓоргоска, поранешната поп-пејачка, која долги години живее во Лас Вегас, а работи како професорка по пеење, го искористи летниот одмор да се врати во Европа.
Таа прво неколку дена беше во родниот Прилеп, каде што се дружеше со семејството, а сега е во Париз со другарките.
Оливера се прошета низ градот на светлината, а беше и на натпревар во коњички скокови за да бодри своја другарка од Канада која се натпреваруваше на Олимпијадата.
По ова, Оливера и нејзините другарки го посетија и замокот Версај.
А таму, таа го прифати предизвикот што ѝ го дадоа пријателите - да пее оперска арија во кралската палата, каде што пред многу години редовно се одржувале балови и се пеела опера.
Оливера видеото од своето пеење го објави на Инстаграм, па напиша:
„Кога пријателите ќе те предизвикаат да пееш среде Версај, мораш да прифатиш. Чувството беше застрашувачко, имав неверојатна трема.
Испеав дел од рециталот на Јулија од операта I Capuleti e I Montecchi од Винченцо Белини“.
Нејзиното пеење предизвика многу позитивни реакции меѓу следбениците на Инстаграм.
„Неверојатно задоволство за сите што биле таму“, „Епски момент. Не го криј својот талент од светот“, „Би била прекрасна Јулија на сцената“, се дел од коментарите.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело