Breitling станува и официјален часовник на IRONMAN
- Детали
- среда, 31 јули 2019
На 26-ти јули беше објавена партнерската соработка помеѓу Breitling и Ironman (Wanda Sport Group Company) со лансирање на лимитиран Breitling Superocean IRONMAN® Limited Edition, како дел од нивната започната соработка.
Со оваа соработка, Breitling станува и официјален луксузен часовник на IRONMAN и ќе биде дел од неколку спортски настани вклучувајќи ги Светското првенство IRONMAN 70.3 во Ница и Светското првенство Vega IRONMAN на Хаваи.
За да се прослави соработката и да се претстави новиот часовник, беше организиран посебен настан во Breitling, во Њујорк, на кој присуствуваа повеќе од 150 гости.
Соработката со IRONMAN е идеална за Breitling, со оглед на тоа што за првпат се спојуваат два премиум брендови.
Официјален дистрибутер за Брајтлинг за Македонија е Божиновски.