Парче полно здравје – новиот леб на Жито Лукс со црно семе и просо
- Детали
- вторник, 30 јули 2019
Лебот многумина го сметаат за не толку здрав дел од исхраната и понекогаш го исфрлаат и одбегнуваат во оброците, што е навистина погрешна перцепција. Компанијата Жито Лукс постојано се стреми да ги промени овие сфаќања и на потрошувачите да им понуди здрави лебови, кои имаат голем број придобивки за човековиот организам.
Покрај големиот број на новитети воведени во асортиманот изминатиов период, Жито Лукс не застанува. Сега, на пазарот го претставува и новиот леб кој содржи црно семе и просо, кој е дополнително збогатен со железо. Одлика на овој леб е големото количество на железо , каде што 2 парчиња содржат 20% од рефернтниот внес на железо.
Црното семе или Nigella Sativa е растение кое благодарение на својот уникатен состав има благотворно дејство за човечкиот организам. Докази за негово одгледување и употреба има уште во древниот Египет. Зрната на црното семе содржат голем број активни состојки како минералите калциум и фосфор, бакар,калиум, цинк и железо, омега 3 и 6 масни киселини.
Просото е безглутенска житарка која е лесно сварлива. Поради тоа што не содржи глутен, просото е хипоалергенска житарка и претставува одличен избор за лица чувствителни на глутен.
Сите овие придобивки, на едно место, во само едно парче леб, Жито Лукс леб со просо и црно семе, парче леб полно здравје.