„Пред 10 месеци ми беше откриен тумор на мозокот и никој немаше голема надеж за мене, дури ни докторите немаа... Само семејството и блиските веруваа во мене и тие беа постојано покрај мене, така што јас ако денес сум тука за да ја примам оваа награда, тоа не е благодарение на мене, туку е благодарение на Господ, на пријателите, на моето семејство, а најмногу од сè на Едмонд“, му се обрати Александра Шијакоска на саканиот при подигнување на наградата „Инфлуенсер на годината“.