„Браво за елечето“ - Работници во Скопје облекоа бездомно куче во нивната опрема за да не му студи
- Детали
- четврток, 15 декември 2022
Ова е позитивата на денот, со вакви мали дела Македонија ќе стане подобро место за живот... Браво за овие момци! Работниците на патот кон Систина секој ден се дружат со бездомно куче, кое го облекле во опрема, како нивната, за да не му студи. Малку љубов прави голема промена! Граѓаните воодушевени коментираат: „Ова се добри луѓе“.
Кога има љубов и мали добри дела, тогаш Македонија е подобро место за живеење, а такви позитива на денот ни се група работници од Скопје.
На Феjсбук вирално се споделува објавата на Тијана Милојевиќ, која вели:
„Секоја чест за работниците на патот кон Систина, секојдневно ми го топлите срцето. Инаку, кученцето постојано ги дружи и не се оддалечува од нив.
Ова е класичен пример дека за среќа е многу малку потребно.“.
Погледнете ја оваа доза на љубов... Тие му облекле елече, кое наликува на нивната работничка опрема, за да не му студи. Секоја чест!
фото: Благица Бутикоска
„Добри луѓе“, „Браво за елечето“ се само дел од пофалните коментари под објавата...
фото: Тијана Милојевиќ
С. С. | Црнобело