„Како во бајките“ – Луѓето со позитивни коментари за новогодишната магија во Крива Паланка (фото)
- Детали
- среда, 14 декември 2022
„Прекрасно“, „Колку е убаво, мојот роден град е најубав на свет“, „Убавина и рај за очи и душа, дури и за нас кои не сме во Паланка, но верувам дека е уште поголема радост за децата и сите жители таму“ се само дел од пофалните зборови за празнично украсената Крива Паланка.
Деновиве вирално се споделуваат фотографиите од новогодишно украсената Крива Паланка.
Градот блесна во полн сјај, а одговорните објавија фотографии на Фејсбук профилот на Општина Крива Паланка.
Во описот на објавата стои:
„Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.
Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка.“
И навистина е така! Деновиве Крива Паланка е поубава од кога било, а жителите, но и луѓето од цела Македонија се воодушевени.
По социјалните мрежи се шират низа позитивни коментари.
Дел од реакциите под фотографиите од Крива Паланка се:
„Убавина и рај за очи и душа, дури и за нас кои не сме во Паланка, но верувам дека е уште поголема радост за децата и сите жители таму.“
„Прекрасно!“
„Браво, секоја чест!“
„Најубав град...“
„Како во бајките.“
„Колку е убаво, мојот роден град е најубав на свет.“
Би сакале да видиме и другите градови како блескаат со празнична магија, зарем не?
🎄Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот,за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на...
Posted by Општина Крива Паланка on Monday, December 12, 2022
С. С. | Црнобело