Виолета Томовска ни помилува душа со изведбата на „Молитва“, по повод наградата „Жена со трајни вредности“ (видео)
- Детали
- четврток, 15 декември 2022
За неа и нејзиниот моќен вокал годините се само бројка, Виолета Томовска блесна во прекрасно издание на изборот „Жена на годината“ и ги трогна сите присутни со изведбата на нејзината легендарна „Молитва“. Во говорот откри дека на настанот се појавила дури со повредена нога и дека е почестена од наградата...
Виолета Томовска, родена во 1945 година во Битола, e наша легендарна пејачка на забавна и народна музика која вчера (14.12) на изборот „Жена на годината“ сосема заслужено ја доби наградата „Жена со трајни вредности“.
Таа на подигнувањето на наградата се појави токму таква каква што ја знаеме отсекогаш – прекрасна дама со совршено уредна шминка и фризура.
Трогната од ова признание, Виолета Томовска одржа краток говор:
„Не сум престанала сè уште со прекрасната македонска песна без разлика на годините.
Неодамна ногата си ја повредив, но јас сепак дојдов на настанов. Јас навистина не знаев за оваа награда и често ние од естрадната сцена очекуваме награди само на фестивали, но ви благодарам и на сите ви посакувам сè најубаво и со сè што сте започнале да не застанувате затоа што секогаш е прекрасно кога човек ќе подаде рака на некој што има мака.
Се радувам што овде гледам многу ликови кои се и на сцената на хуманоста и на многу други полиња.
Јас би сакала да ве поздравам со една строфа од мојата Молитва.“
И потоа Виолета ни отпеа дел од нејзината легендарна композиција и со својата изведба и вокал буквално ни ги помилува душите.
Таа беше наградена со громогласен аплауз од страна на сите присутни.
Од изведбата беше трогнат и водителот на настанот Огнен Јанески, кој фотографија со Виолета Томовска објави и на својот Фејсбук профил.
Нејзината изведба:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело