„Среќен роденден сине“ - Синот на Тамара Тодевска наполни 4 години, пејачката објави емотивни фотки од него
- Детали
- понеделник, 12 декември 2022
Тамара Тодевска објави фотографии од малиот Дарен од болница, направени веднаш по раѓањето, но и од секојдневието со него, а со емотивна честитка се огласи и Тијана Дапчевиќ и откри дека Дарен е најголем фан на Златан Ибрахимовиќ.
Денес (12.12) синот на Тамара Тодевска, Дарен, го слави својот 4-ти роденден.
Пејачката објави видео со фотографии од него како бебенце, на кои е со неа, но и во друштво на неговата постара сестра Хана.
„Среќен роденден сине, да си така насмеан и весел цел живот... Те сака мама!“, напиша пејачката.
Фотографии по повод роденденот на Дарен објави и неговата тетка Тијана Дапчевиќ.
Во роденденската честитка, таа напиша:
„Теткин шеф и глумец меѓу народот познат како ИБРО, затоа што е најголем фан на Златан Ибрахимовиќ. Денес полни 4 годинки.
Мил мој Ибро, да си здрав, среќен и насмеан до 105 години и повторно назад. Те сака тетка и Вук и тетин Миле.“
С. С. | Црнобело