„ТАВ Македонија“: Авиосообраќајот продолжува по регуларен распоред - нема откажани летови по лажната дојава за експлозивна направа
- Детали
- петок, 16 декември 2022
Скопје, 16 декември 2022 - „ТАВ Македонија“ ја споделува следнава изјава, како обновена информација во врска со денешните настани:
„Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово.
Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.
За детали во однос на летовите, ги упатуваме нашите патници да ја следат веб-страницата, каде што информациите за полетувањата и слетувањата, се ажурираат во реално време. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на Шалтерот за информации кој е достапен 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333.