Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Внуко моја Гаиа“ - Драган Спасов Дац стана дедо, неговиот син Јаков со сопругата доби ќерка

„Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека... Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката. Ќе ти ги сакам очите и веѓите и трепавиците...“, гласи дел од емотивната објава на Драган Спасов Дац за приновата на синот Јаков и неговата сопруга Софија.

vnuko-moja-gaia-dragan-spasov-dac-stana-dedo-negoviot-sin-jakov-so-soprugata-dobi-kjerka-01.jpg

Актерот Драган Спасов Дац денес (02.03) ја објави среќната вест дека неговиот син Јаков станал татко. Јаков со саканата Софија ја доби ќерката Гаиа.

vnuko-moja-gaia-dragan-spasov-dac-stana-dedo-negoviot-sin-jakov-so-soprugata-dobi-kjerka-02.jpg

Парот направи свадба во мај 2022 година.

vnuko-moja-gaia-dragan-spasov-dac-stana-dedo-negoviot-sin-jakov-so-soprugata-dobi-kjerka-19.jpg

Дац ѝ посвети емотивна објава на Фејсбук на неговата внука:

„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна... така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.

Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти, а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.

Во тој миг мајката се претвора во водопад, а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!

Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа!

И сакам да знаеш дека...

Ќе ти ја сакам косата,

убавото носе и насмевката.

Ќе ти ги сакам очите,

и веѓите и трепавиците.

Ќе ти го сакам грлото,

и плачот и гласот.

Ќе ти ги сакам прстињата,

и рачињата и ноџињата

Ќе ти сакам сè

а најмногу добрината!

Твојот дедо Дац

vnuko-moja-gaia-dragan-spasov-dac-stana-dedo-negoviot-sin-jakov-so-soprugata-dobi-kjerka-03.jpg

vnuko-moja-gaia-dragan-spasov-dac-stana-dedo-negoviot-sin-jakov-so-soprugata-dobi-kjerka-10.jpg

Прочитајте и Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана Софија

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во у...
Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 6-иот роденден со тема „Catwoman“ и 750 балони (фото) За роденденската декорација биле искористени  750 балони, неколку принтани ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg