Давид Темелков: „Дознав дека во ногата на нервот имам тумор од речиси 6cm – прогнозите беа страшни, но Бог ми помогна“
- Детали
- вторник, 21 февруари 2023
„Минатата година започна жестоко, така што веднаш дознав дека на десната нога, во паронеалниот нерв кој ја движи ногата, имам тумор со големина од 5.7cm. Докторот кој ме прегледа јасно ми кажа дека постои можност од 98% за инвалидитет на десното стопало и дека ќе остане неподвижно и нема да има функција...“, споделува пејачот Давид Темелков, кој поради ангелскиот глас многумина го споредуваат со Тоше Проески, а сега искрено говори за успешно извојуваната битка.
Давид Темелков се прослави со учеството во регионалното музичко шоу X-фактор во 2015 година, каде многупати ја претстави Македонија во одлично светло со песни од разни изведувачи, а многу често и со песни од Тоше Проески.
Покажа дека и тој има навистина моќен вокал, па ја доби титулата „момчето со ангелски глас“.
Давид години наназад посветено гради музичка кариера и постојано има гостувања и настапи низ земјите во регионот.
Сега, на својот Инстаграм со емотивна исповед откри дека пред една година се соочил со дијагноза тумор и лоши прогнози, но и дека Бог му помогнал успешно да се избори.
Неговата емотивна исповед:
„Една година подоцна... ист ден...
Оваа сторија ја пишувам со насмевка на лицето и не мислев да ја споделам јавно.. Не знам зошто, но можеби некому ќе биде охрабрување, баш такво какво што на мене ми требаше пред една година!
Минатата година започна жестоко, така што веднаш по Нова Година дознав дека на десната нога, во паронеалниот нерв кој ја движи ногата, имам тумор со големина од 5.7cm..
Докторот кој ме прегледа јасно ми кажа дека ситуацијата е сериозна и дека постои можност од 98% за инвалидитет на десното стопало и дека ќе остане неподвижно и нема да има функција..
Дека тој ќе даде сè од себе за да спаси што може да се спаси, но дека е видливо како туморот веќе го има оштетено нервот.
Нема да кажам дека таа информација не ме погоди. Ме погоди! Но, во првите 10 минути. Седнав во кола и почувствував како телото ми гори. Не знаев како да им го соопштам тоа на најблиските.
По кратка тишина, на глас си реков „Господе, сè е во Твои раце.. Ако е ова Твоја Волја, достојно ќе ја понесам... ќе пеам на штаки, во количка, ќе седам на работ на бината и ќе пеам да те прославам колку ме држи глас! Сум победил многу битки, спремен сум и за оваа!“